fbpx

Една поинаква Škoda

Социјализмот не е најдобрата страница во историјата на Škoda, но во Млада Болеслав отсекогаш произведувале интересни автомобили

Во 1957 година, Чесите го претставија тркачкиот Roadster, со кој сакале да им конкурираат на своите познати современици Ferrari Testa Rossa и Aston Martin DB3. Зарем?!

Од моделот 1100 OHC има вкупно пет примероци, вклучувајќи и едно купе. Само два од нив успеале да издржат до ден денес. Еден од нив го напушти музејот на Škoda за да го прослави својот 60- ти роденден на патеката. Како и многу спортски автомобили од 50- тите, 1100 OHC има рамка со цевки од фиберглас, која тежи само 550 kg. Автомобилот е долг 3.880, широк 1.430 и висок 964 mm, со меѓуоскино растојание од 2.200 милиметри.

Škoda

Моделот го добива името од 1.1- литарскиот четирицилиндерски мотор со врвни перформанси. Моторот развива 92 КС при 7.700 вртежи во минута и овозможува Roadster изведбата да развие брзина од 200 km/h. Некои спомена Ferrari, или Aston Martin…преамбициозно!

Поврзани вести

Back to top button