fbpx

Еклстоун ја шокираше Formula 1, Хамилтон реагираше

Една од главните глобални теми последните месеци е расизмот, а ниту автомобилскиот спорт не е имун на сето ова, особено Formula 1

Некогашниот прв човек на Formula 1 Берни Еклстоун одлучи да прокоментира на целата оваа тема која го зафати и најбрзиот циркус на планетата, но 89-годишниот Британец не водеше сметка за начинот на кој ги кажува работите. На прашањето што Formula 1 треба да направи по повод ова прашање, Еклстоун изнесе прилично контроверзен став.

„Мислам дека никој околу тоа не се вознемири. Возачите беа премногу зафатени да победуваат на трките и другите работи малку беа во нивниот фокус. Мислам дека самата Formula 1 е премногу зафатена за да се занимава со расизмот. Навистина би се изненадил ако F1 и сите нејзини актери сериозно се занимаваат со тоа. Мислам дека тоа се крена на големо ниво во јавноста. Некои мислат дека не се еднакви, други мислат исто така. Знам дека во многу случаи црнците се поголеми расисти од белците“, изјави Еклстоун, што предизвика лавина од коментари.

Актуелниот светски шампион и најдоминантниот возач на денешницата Луис Хамилтон започна сериозна антирасистичка кампања во јавноста. Меѓутоа, се чини дека истата не се сфаќа премногу сериозно во јавноста. Самиот Еклстоун имаше интересна порака за Британецот.

„Се надевам дека тој не го сфаќа сето тоа премногу сериозно. Би бил несреќен ако е тоа така. Сепак, мислам дека тоа не влијае многу на него.

Хамилтон: Сега се е јасно

Еклстоун е познат по своите контроверзни изјави, а од Formula 1 експресно се дистанцираа од неговите последни ставови, со акцент на тоа дека 89-годишниот Британец повеќе нема врска со тој шампионат, како и дека неговата функција на почесен претседател истече ов јануари. Во меѓувреме, се огласи и неговиот сонародник, Луис Хамилтон, кој не го криеше разочарувањето од изјавата на некогашниот прв човек на најбрзиот циркус на планетата.

„Навистина е тажно и разочарувачки да се прочитаат тие коментари. Берни е надвор од овој спорт и е од друга генерација, но токму тоа е она што е погрешно – неупатени и необразовни коментари кои ќе ни покажат колкав пат општеството мора да помине пред да се случи вистинска еднаквост. Сега се ми изгледа кристално јасно што ништо не е кажано, ниту направено за нашиот спорт да биде разноличен или што никој не се позанимавал со расните навреди со кои се соочив во текот на кариерата. Ако некој кој водел спорт со децении има толкав недостаток на разбирање за длабоки прашања со кои ние како црномурести луѓе се соочуваме секој ден, како можеме да очекуваме дека сите луѓе кои се на врвот го разбираат тоа. Се започнува од врвот“, истакна Хамилтон.

https://www.instagram.com/p/CBtUH0OBRf3/?utm_source=ig_embed

Хамилтон оваа сезона има шанса да го израмни рекордот на Михаел Шумахер доколку ја освои седмата титула, шеста во последните седум години. Годинешниот шампионат во Formula 1 стартува следната недела со Големата награда на Австрија.

Поврзани вести

Back to top button