fbpx

Ексклузивно: Првите Opel возила пристигнаа во Еуроимпекс

Официјалниот импортер и дистрибутер на Peugeot во Македонија и регионот, компанијата Еуроимпекс, ја доби првата пратка на Opel возила

Нашата редакција пред извесно време најави дека компанијата Еуроимпекс, која е официјален импортер и дистрибутер на возилата од брендот Peugeot за Македонија и регионот, ја презеде лиценцата за додавање на уште еден бренд во својата понуда, а станува збор за возилата на Opel.

Со оглед на тоа дека Opel ја менува својата стратегија, со цел да достигне раст во овој регион, германскиот бренд одлучи за свој нов соработник да го избере токму Еуроимпекс, кој на овие простори е веќе докажан со Peugeot возилата. Во согласност со овие промени, Еуроимпекс сега ќе го застапува Opel на пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

По најавата за додавањето на уште еден бренд од PSA групацијата, односно Stellantis, во својата понуда, беше само прашање на време кога Еуроимпекс ќе започне со продажбата на Opel возила. Сега, редакцијата на Авто Плус успеа да ја забележи првата пратка на нови возила од германскиот бренд во нашата земја.

Целиот процес се уште е во тек, новитетите веќе пристигнуваат, а наскоро очекуваме информации за новата дилерска мрежа и каде се ќе можеме да ги видиме новите модели на Opel. Веќе постоечките и успешни дилерски локации како Аутомакедонија, Олимпија Моторс и Ауто ЦЕМ исто така остануваат во семејството на Opel во Македонија.

Во оваа прилика, од редакцијата на Авто Плус им посакуваме многу среќа, успешна работа и многу продадени нови Opel возила.

 

Поврзани вести

Back to top button