НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричен Jaguar XJ за јубилејот

Jaguar не се откажа од оживувањето на лимузината XJ, а следната генерација на предводникот во гамата ќе биде електричен автомобил, објави магазинот Autocar

Следниот XJ ќе блесна кон крајот на годинава, односно премиерата ќе се совпадне со прославата на 50-годишнината на моделот.

Во последните неколку години, шефовите на Jaguar потврдија дека дискутирале за различни концепти за заживување на XJ, вклучувајки ја и опцијата и да не го обноват моделот. Сепак, според изворите на Autocar, XJ ќе има следно поколение и покрај трендовите на пазарот, кои покажуваат дека побарувачката за луксузни седани се намалува на сметка на зголемената продажба на премиум SUV изданија. Она што е факт за успех во овој сегмент се електричните остварувања?! Tesla со Model S покажа дека има голем интерес за луксузни електрични возила и иднината XJ мора да биде електрична.

Jaguar

Целосно новиот XJ се развива заедно со новиот модел на Range Rover, кој ќе изгледа како автомобил и го носи работното име Road Rover. Се верува дека и дизајнот на новиот XJ сега е завршен, а е дело на главниот дизајнер на Jaguar, Јан Калум и неговиот тим.

Тој уште во септември изјави за Autocar дека компанијата има „консензус дека XJ треба да остане предводник на Jaguar, наместо неговото место да го заземе голем SUV – J-Pace на пример. Инаку, Јaguar ќе го лансира својот прв електричен автомобил во Женева во март, I-Pace, кој се очекува да биде „донатор на технологија“ за новиот XJ.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close