ВИДЕОНАСЛОВНА

Нов концептeн електричен SUV од Nissan?

На меѓународната изложба во Токио (27 октомври-5 ноември) ќе се запознаеме со целосно нов концептен модел на електричен SUV од Nissan

Nissan понуди кратко промо видео, со помош на кое најавува дека посетителите на меѓународна изложба во Токио (27 октомври-5 ноември) ќе имаат можност да се запознаат со целосно нов концептен модел.
По се изгледа дека овој концепт ќе биде електричен SUV автомобил, кој ќе користи технолошките и инженерски решенија, интегрирани во целосно новата генерација на првиот во светот 100% електричен масовна модел- LEAF.

Tokyo Motor Show

На салонот во Токио ќе се одржи исто така и премиерата на концептот LEAF NISMO и ќе бидат демонстрирани миниванот Serena NISMO, кој ќе биде лансиран во Јапонија во ноември, и нова верзија на луксузниот спортски седан Skyline, планиран за пуштање во продажба во декември.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close