ЗАБАВАНАСЛОВНА

Мотоцикл од бамбус

Филипинската компанија Meep покажа електричен мотоцикл со панели од бамбус со тежина од само 6,5 килограми

Green Falcon е развиен во рамките на владината програма Bamboo Extreme, која финансира иновативни идеи за користење на дрвото.

Green FalconСпецијално за Green Falcon е развиен композит од два слоја бамбус и епоксидна смола. Според шефот на Meep, Кристофер Перес Ларсен, овој материјал е многу полесен од фиберглас, а може да се мери по цврстина со челикот.

Под бамбус-школката има скриени електромотори и батерии чии карактеристики не се пренесуваат.

Green Falcon
Green Falcon elektricen motocikl od bambus

„Зелениот сокол“ е дизајниран да одговори на градските мешаници, а максималната брзина е ограничена на 97 km/h. Aвтономијата со едно полнење на батеријата е 50 km.

Ларсен нема илузии дека бамбус-мотоциклот ќе влезе во сериско производство, но смета дека може да биде инспирација за други производители и добра идеја за поефикасно користење на достапните ресурси.

Филипинските власти планираат да засадат 10 милиони хектари бамбус до 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close