fbpx

Електричната G Класа на Mercedes е во подготовка

Mercedes-Benz по се изгледа подготвува електрична верзија на својата популарна G Класа, за што сведочат и патентите поднесени од страна на германската марка

Германскиот производител Mercedes-Benz планира да започне со развој и производство на електрична варијанта на својата G Класа а за тоа сведочи и барањето за патент поднесено до Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија неодамна.

Mercedes поднел барање за патентирање на имињата EQG 580 и EQG 560 и иако се уште нема никакви официјални детали за овие модели и ништо не е потврдено, нивните имиња наведуваат на тоа дека би можеле да го имаат истиот погонски склоп како и престојниот електричен седан EQS. Она што е познато е дека Mercedes овие имиња сака да ги заштити како називи за моторни возила и нивните делови, конкретно за електрични автомобили.

Името EQG всушност е регистрирано уште во 2016 година од страна на Daimler, a најавите за престојна G Класа се појавија во 2019 година кога извршниот директор на Daimler Ола Калениус го најави сето тоа, за во октомври минатата година Mercedes-Benz да ги потврди најавите преку официјално соопштение за компаниските планови за зголемување на понудата на електрични возила.

Како резултат на тоа, EQG 580 ќе добие електромотори на двете оски кои ќе овозможат погон на сите четири тркала и ќе вклучува функција за менување на вртежниот момент кој континуирано ќе дистрибуира моќност меѓу предната и задната осовина. Верзијата 580 na ЕQS се одликува со 523 КС и 828 Nm вртежен момент, а истите бројки би можеле да се очекуваат и за EQG 580.

Во секој случај, засега нема конкретни информации кога електричниот EQG би пристигнал на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button