ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Во 2040 уделот на пазарот на електромобилите дури 54%

Новото долгорочно истражување на BNEF (Bloomberg New Energy Finance), на новинската агенција Bloomberg, предвидува дека до 2040 година, уделот на пазарот на електрични автомобили ќе биде импресивни 54% од вкупните нови продажби на глобално ниво

Од агенцијата предвидуваат исто така, дека вистинската масовост на електромобили се очекува во периодот 2025-2030 година. Како главен фактор тука се наведува континуираното намалување на цените на литиум-јонски батерии, кои се очекува да се намалат до над 70% до 2030 година.

електромобили

„Револуцијата во електрификацијате ќе е освојувањето на автомобилскиот пазар од електричните возила, уште посериозно и брзо отколку што предвидуваше BNEF минатата година“, коментираат од Bloomberg по предвидувањата дека догодина електричните ќе имаат пазарен удел од 35%.

Друга интересна прогноза што ја прават Bloomberg е поврзана со крајната цена на електричните автомобили. Според агенцијата, тие ќе станат целосно конкурентни со цена во споредба со автомобилите со мотори со внатрешно согорување, без државни и други субвенции, од 2025 година. Само некои сегменти ќе имаат нешто повисоки цени до 2029 година.

електромобили

Според Bloomberg, иако plug-in хибриди (PHEV) ќе продолжат да играат важна улога во електрификација на возниот парк. Нивното пазарно присуство ќе почне да слабее по 2025 година, а главната улога ќе ја преземе целосно електричните возила (BEV). Како единствен исклучок, агенцијата укажува на Јапонија. Каде што предвидуваат дека PHEV ќе продолжи да биде главен фактор и по 2030 година.

Bloomberg очекува дека до 2040 година, продажбата на електрични возила да стигнат до ниво од речиси 67% во Европа, 58% во САД и 51% во Кина.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker