НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричниот Audi e-tron со цена, но нема официјални податоци за Европа

Целосно електричниот модел на Audi e-tron ја доби својата светската премиера во Сан Франциско и стави почеток на ново поглавје во историјата на брендот, во која ќе бидат вклучени вкупно 12 нови „страници“ со целосно електричен погонски систем до 2025 година

Информациите за европската верзија на електричниот Audi e-tron засега ги нема. Од компанијата велат дека погонот на четири тркала се остварува преку два електромотори, а самиот погонски систем доаѓа со функционалност за регенерација при сопирање и движење по инерција.

1 | Audi e-tron
2 | Audi e-tron

    Кај Audi e-tron ќе можат да се види познатиот квалитет на изработката и материјали, а купувачите ќе можат да се потпрат на додадената функција во форма на навигација која ќе ве одведе до најблискиот полнач.

    Audi e-tron ќе биде во можност да се забрза од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди и да развие максимална брзина на движење од 200 km/h. Батеријата ќе се произведува во Брисел, е капацитет од 95 kWh е интегриран под подот. Засега ни европските ни американските дивизии на Audi не коментираат за конкретни податоци во врска со автономијата на моделот.

    1 | Audi e-tron
    2 | 
    3 | Audi e-tron

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Може и ова да ви се допадне

      Close
      Close