НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричниот VW ќе чини колку и еден дизел автомобил

Главниот дизајнер на Volkswagen, Клаус Бишоф, официјално изјави дека дизајнот на сериската верзија на I.D. практично ќе биде идентичeн со концептот прикажан во 2016 година

VolkswagenУште нешто интересно што дополнува Бишоф за Autocar, е фактот дека тоа ќе биде првиот модел на марката, кој е дизајниран и развиен како електромобил.

Пропорциите, стилските решенија, па дури и големината на тркалата ќе бидат исти како и прототипот.

Разликите ќе бидат поврзани со фактот дека серискиот модел ќе има ретровизори наместо камери.
Volkswagen

Во моментов од брендот ги реализираат последните тестови на првиот целосно електричен модел, а плановите се првите примероци да слезат од лентите за производство на крајот на следната година. Продажбата ќе започне во 2020 година, а како сподели Бишоф цената на електричниот хечбек I.D. ќе биде идентична со онаа на дизел модел од истата класа.

Volkswagen

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close