Електричните Audi Q5 e-Tron и Porsche Macan пристигнуваат во 2022

Volkswagen групацијата потврди дека ќе ги лансира електричните Audi Q5 e-Tron и Porsche Macan во 2022 година

За електричниот Porsche Macan се знае веќе некое време, но ова е прв пат да добиеме некаква информација за Audi Q5 e-Tron. Потврдата за европското лансирање на двата електрични SUV модели пристигна по презентацијата на Volkswagen групацијата која беше споделена онлајн од страна на Automarket која покажува дека двата автомобили ќе бидат претставени во 2022 година.

Audi Q5 e-Tron

Спецификациите кои се однесуваат на Q5 e-Tron остануваат нејасни во оваа фаза. Познато е веќе некое време дека германскиот производител ги развива Q4 e-Tron Sportback моделите и се чини како возможно дека поголемиот Q5 e-Tron ќе споделува некои механички компоненти со својот помал „брат“.

Со оглед на ова, може да се претпостави дека Q5 e-Tron исто така ќе биде поставен на MEB платформата која во моментов се користи за Volkswagen ID.4 и Škoda Enyaq iV. Според ова, може да се очекува и широк избор на различни електромотори и батерии во понудата. Ова вклучува опција со единечен мотор, погон на задните тркала и верзија со два мотори и погон на сите четири тркала.

Повеќе детали се познати за електричниот Porsche Macan. За почеток, ќе се продава заедно со актуелната генерација на Macan кој се напојува со мотор на внатрешно соговрување, но ќе пристигне со целосно нов изглед кој неодамна беше претставен од страна на Porsche. За разлика од Q5 e-Tron, електричниот Macan ќе биде базиран на PPE архитектурата која Porsche ја разви заедно со Audi. И овој модел исто така ќе се нуди во повеќе варијанти, а Porsche дури откри дека тестира електричен кросовер со четири електромотори.

Поврзани вести

Back to top button