fbpx

Електричните возила се поефикасни од хидрогенските

Според најновото истражување, електричните возила се поефикасно решение за напојување на возилата отколку што тоа се водородните ќелии

Конвенционалните бензински и дизел мотори ќе владеат уште некое време, меѓутоа нема дилеми дека наскоро ќе заминат во историјата, а производителите веќе одамна имаат најдено нивни алтернативи, кои сега е потребно да се усовршат. Најзастапени се електричните возила, а веднаш зад нив се возилата со погон на водородни горивни ќелии. Во автомобилската индустрија постои дилема околу тоа кој погон е поефикасен и подобар, а според новото истражување, електричните возила се поефикасни од водородните.

Според анализата, цената за да се направи водород за автомобилите како и за е-горивата ќе може да доведе до поголема зависност од фосилни горива. Иако електричниот погон се чини дека го презема приматот во автомобилскиот свет, производителите како Toyota и Porsche се уште се залагаат за водородот и е-горивата. Овие решенија можат да се искористат со постоечките мотори со мали модификации и некогаш се сметаат како начин да се спасат моторите на внатрешно согорување.

Проблемот е во тоа што енергијата која се бара за да се направат овие горива е се уште поголема од енергијата потребна за да се напојуваат електричните возила, стои во студијата објавена во Nature Climate Change. Според Фалко Укерт од Институтот за климатски истражувања во Потсдам, Германија, ова може да биде сериозно уназадување.

Хидрогенските горива можат да бидат одличен носите на чиста енергија, но сепак нивната цена и пропатните ризици се исто така големи. Ако се држиме за технологиите за внатрешно согорување и се надеваме дека ќе ги ‘храниме’ со хидрогенски горива, а на крајот се покажат како прескапи, тогаш пак ќе се вратиме на согорување на фосилни горива“.

Ова не значи дека нема потреба за истражување на водородот и е-горивата. Всушност, за транспортните индустрии електричната енергија можеби никогаш нема да биде соодветно решение, а токму водородните горивни ќелии и е-горивата би можеле да стапат на сцена.

Поврзани вести

Back to top button