НАСЛОВНАСАЕМИ

Женева 2019: Поглед кон електричната иднина Vision iV на Škoda

Škoda ги објави првите скици на целосно новиот концепт, кој ќе биде претставен за време на меѓународниот саем во Женева на почетокот на март и со кој компанијата ќе ни овозможи да навлеземе во електричната иднина на брендот.

Новиот концептуален развој на Škoda се нарекува Vision iV и се јавува како предводник на првиот целосно електричен автомобил на марката, развиен врз основа на специјалната платформа за електрични возила на Volkswagen Group.

Четири вратото купе Vision iV е исполнетo со спортски, но и стилски екстериер, истакнат со помош на импресивни 22-инчни тркала, а стандардните надворешни ретровизорите се заменети со минималистички камери.

Vision iV

Следните чекори во стратегијата за електрификација на своето портфолио, Škoda ќе ги направи скоро- односно само по неколку месеци, кога компанијата ќе стартува со продажбата на plug-in верзии на Superb и целосно електричното Citigo. Со инвестиција од околу 2 милијарди евра до 2022 година Škoda ќе располага со повеќе од 10 електрифицирани пазарни предлози.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close