Во Европа започна уникатен проект со електрични автономни автомобили

Métropole Rouen Normandie, Normandy Region, Transdev, Groupe Renault, Caisse des Dépôts и Groupe Matmut започнаа уникатен за автомобилскиот свет во Европа проект

Métropole Rouen Normandie, Normandy Region, Transdev, Groupe Renault, Caisse des Dépôts и Groupe Matmut започнаа уникатен за автомобилскиот свет во Европа проект- Rouen Normandy Autonomous Lab.

Rouen Normandy Autonomous Lab.

Rouen Normandy AutonomousОва претставува прва експериментална иницијатива за on-demand решение за движење со помош на автономни електрични автомобили на стандардни патишта. Како што сугерира и самото име, проектот е лансиран во Руан, Нормандија, во употреба се пуштаат пет автономни електрични возила кои ќе бидат достапни за употреба од пошироката јавност. Првично во иницијативата тргнуваат четири претставника на специјално доработена верзија на 100% електрично Renault ZOE, опремена со високо-технолошки решенија како на Renault, така и на Transdev, развиени со помош на Delphi, Esigelec и други компании. Во подоцнежна фаза од развојот на проектот, во проектот ќе биде додаден и поголем патнички превозник.

Rouen Normandy Autonomous | Rouen Normandy Autonomous
Rouen Normandy Autonomous | Rouen Normandy Autonomous

Автомобилите ќе покриваат три правци со должина од 10 километри и 17 постојки, а по првичната пилот фаза на проектот, од пролетта следната година и во текот на 2 години, ќе можат да се користат и од пошироката јавност во градот. Ангажирање на автомобилот од страна на корисниците ќе се врши преку апликација за мобилен телефон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close