fbpx

Во наредните пет години најавени дури 130 нови електрични возила

Во текот на 2016 година беа произведени 88,1 милион автомобили, што беше 4,8% повеќе во однос на претходната година

Аналитичарите очекуваат глобалната продажба во 2017 да достигне 93,5 милиони, од кои милион електрични. Но, во следните пет години најавен е вистински бум на ова поле.

Статистиката вели дека во моментов електричните возила се само нешто над 1% во глобалното производство. За жал и понудата е мала, па вкупната сериска изведба може да се изброи на прсти. Но, екепертите не уверуваат дека во наредните пет години оваа слика ќе се измени драстично, бидејки се очекува поплава од новитети. Bloomberg пресмета дека засега е најавено лансирање на точно 127 нови електрични модели кои би требало да се најдат на пазарот до 2025 година. Ова е навистина импозантна бројка, посебно ако се земе во предвид стопата на пораст и фактот дека одредени стручњаци веруваат дека во периодот до 2025 година глобалната побарувачка за електрични возила може да порасне максимум до 5-6%.


Секако, аналитичарите грешеле и порано, но факт е дека се поголем број производители вложуваат не мали инвестиции во овој сектор, бидејки едноставно не сакаат да бидат на крајот на електричната колона. А и она што претстои го тврди спротивното, над 300.000 нарачки за Teslа Model 3, а производителот не е во можност да ги испорача.

Европа е луда по новиот Nissan Leaf, кој иако се уште не е излезен, за него чекаат 10.000 купувачи.

Nissan тргнува со испорака во февруари идната година. BMW соопшти дека годинава испорачал 100.000 елеиктрифицирани единици, а догодина најавува и скоро двојно повеќе (но, тука се вклучени и хибриди). Ова се факти, зарем не?!

Кон ова оди во прилог и фактот дека законодавците подготвуваат нов пакет на поригорозни мерки, на пример EU од 2021 година донесува нова долна граница за емисија на СО2 од 130 на 95 грама на километар. Кон ова следи пакетот на голем број влади за забрана на продажба на возила со конвенционални мотори. Кинеската влада најави до 2025 година дека посакува уделот на електрични и хибриодни возила на пазарот да биде поголем од 20%, за што ќе следат уште подобри субвенции.

Но дали ќе биде се така розово доколку нема субвенции, строги закони…Имено, откако годинава Данска и Хонг Хонг ги укинаа субвенциите побарувачката за електрични падна нагло, а Chevrolet мораше да подзастане со производство на Bolt, поради недоволна побарувачка. Многу работи ќе бидат познати наскоро…

Поврзани вести

Back to top button