Викенд тарифа: Електричниот Porsche Taycan Turbo S против McLaren P1

Електричниот Porsche Taycan Turbo S уште откако се појави на пазарот прелесно се справува со конкуренцијата, но дали може истото да го направи со McLaren P1?

McLaren P1 е автомобил со лимитирана серија на производство. Конкретно, овој P1 е навистина специјален бидејќи е еден од оригиналните прототипи кои се користени во развојот на хибридниот хиперавтомобил. Од друга страна целосно електричниот Porsche Taycan Turbo S и неговиот погон на сите четири тркала му носат значителна предност.

На крајот, McLaren P1 ја заврши трката за 10,68 секунди при 241 километар на час. За споредба, Porsche Taycan Turbo S го достигна спринтот од нула до „стотка“ за 2,7 секунди и ја заврши трката на четврт милја за 10,82 секунди при 205 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button