НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричниот SUV на Volkswagen доаѓа во април

Германскиот производител ќе го претстави петтиот и најголем член во електричното семејство на 16 април на шангајското шоу за автомобили

Електричниот знаменосец го носи името ID Lounge и се очекува да дебитира во концептна изведба, при што со својата производна верзија ќе претставува значителен ривал на конкурентниот Tesla Model X.

Новиот ID Lounge ќе биде електричен SUV со седум седишта, кој ќе го предводи ID семејството на модели со долги електрични опсези. Досега, од оваа листа потврден е хечбек моделот со големина на Golf, кој треба да пристигне кон почетокот на следната година. Тука се и ID Crozz SUV и ID Crozz Coupe SUV закажани за 2021 година, додека пак во 2022 се очекуваат ID Buzz во карго и миниван изведба, како и седанот ID Vizzion.

И покрај најавените два SUV, се наметнува прашањето зошто е потрбен и ID Lounge. Според шефот на продажба на Volkswagen, двата ID Crozz SUV нема да бидат доволни за да ја задоволат зголемената побарувачка на кросовери и SUV модели. Тој изјави дека верзиите со поголеми димензии, нудат поголем капацитет за седење, со што претставуваат едни од моделите со најголема побарувачка.

Производната верзија на електирчниот SUV се очекува првично да пристигне на америчкиот и кинескиот пазар на почетокот на следната деценија, а во 2024 година и во Европа. Како клучен пазар за своите електрични SUV модели, Volkswagen го очекува кинескиот, при што до 2025 година тој се надева дека бројката на електрични возила ќе порасне до над 4,8 милиони единици, од 1,3 милиони во 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close