Електромобилите со раст од 57% во текот на изминатата година

Според прелиминарните податоци на www.ev-volumes.com, продажбата на нови 100% електрични (BEV) и plug-in хибридни (PHEV) автомобили на глобално ниво во текот на изминатата година се зголемиле за 57% во споредба со 2016, односно пласирани се 1,2 милиони единици

Околу 602.000 од 100% електрични и plug-in хибриди продадени минатата година беа пласирани на пазарот во Кина, што претставува подобрување од 72%.На второ место по бројот реализирани автомобили е Европа со раст од 38%, или продадени околу 307.000 единици, а на трето е САД со 200.000 и зголемување од 27%.

раст

Најголем процентуален удел има во Јапонија, каде во 2017 година биле купени околу 56.000 електрични и plug-in хибридни автомобили или пораст од 149% во споредба со 2016 година. Од ev-volumes коментираат дека целиот сектор е во значителен пораст. Според податоците на изданието, бројот на станици за полнење е скоро двојно поголем во последните две години, а бројот на достапни pluh-in хибридни модели се зголемил од 70 во 2013 година до над 170 во моментвт (повеќе од половина од нив се на кинески производители).

раст

Главен фактор за подобрување на бизнисот со електрични и plug-in хибридни модели е исто така цената на батериите, која опадна за 50% во последнитетри години. Прогнозите на ev-volumes за 2018 година се поврзани со импресивен раст од дури 56% и постигнување на заедничка продажба на електрични и plug-in хибридни модели од 1.9 милиони единици. Како што се очекува, до крајот на оваа година, околу 5.000.000 електрични и хибридни возила ќе се најдат на патиштата низ целиот свет.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close