fbpx

Електромобилноста на BMW под екстремни услови

Прототипните изведби на идната електрична програма на баварскиот производител се подложени на сеопфатни тестови при екстремни услови во зимскиот тест центар во Арјеплог, Шведска

Електричната програма на BMW е под интензивен развој со цел да се подготват моделите за лансирање на пазарот во 2020 и 2021 година. Три од електричните модели на брендот моментално минуваат низ клучната фаза од нивниот сериски процес на развој, во зимскиот тест центар на BMW во Арјеплог, Шведска.

На ова активно тестирање се подложени моделите BMW iX3, BMW i4 и BMW iNEXT, при што iX3 треба да се појави на пазарот веќе следната година, додека премиерата на останатите два е закажана една година подоцна.

Сеопфатното тестирање вклучува испитување под екстремни временски и патни услови на погонски и суспензивните компоненти на возилата. Областа за тестирање се наоѓа на работ на Арктичкиот круг и обезбедува идеални услови за оваа намена. На ледените површини на замрзнатите езера, во услови на снег и горчлив студ, електричните мотори, високонапонските батерии и енергетската електроника на BMW eDrive технологијата, како и системите за контрола на суспензијата го демонстрираат своето високо ниво на изведба и сигурност.

BMW i4

Почнувајќи од следната година, моделот iX3 за прв пат ќе ја добие и најновата петта генерација на BMW eDrive технологијата. Исклучително моќниот електричен мотор, со високонапонската единица за складирање и најсовремена технологија за батериски ќелии, овозможува чисто електрично задоволство при возењето. Првиот целосно електричен SAV (Sports Activity Vehicle) ќе биде идеален за секојдневна употреба и долги патувања, благодарение на возниот опсег од над 400 километри и можноста за користење на DC станици за полнење со капацитет од 150 kW.

Како купе со четири врати, новиот i4 овозможува задоволство при управувањето во комбинација со извонредна спортска способност. Позициониран во премиум сегментот на средна класа, моделот претставува одличен сплет на динамичен дизајн со инспиративни перформанси и високо ниво на удобност. Петтата генерација на BMW eDrive технологија овозможува возен опсег поголем од 600 километри, додека моќноста на електричниот мотор го забрзува автомобилот до 100 за само 4 секунди, со максимална брзина од преку 200 километри на час.

 

Со пропорции и димензии на луксузен SAV, новиот iNext претставува олицетворение на иднината на задоволство при возењето на еден посеопфатен начин. Како иден модуларен систем за изградба на BMW, тој ги комбинира најновите иновации во областите на дизајнот, автономност, поврзување, електрификација и услуги. Петтата генерација на eDrive е секако дел и од овој модел и овозможува опсег кој надминува 600 километри. Исто така, iNext опремен со најнови функции за поврзување и е дизајниран со автономност од трето ниво.

Поврзани вести

Back to top button