Euro NCAP објави листа на најбезбедните возила за 2017 година

Независната агенција Euro NCAP ги објави имињата на новите автомобили кои регистрираа најдобри резултати во своите категории во 2017 година

За најбезбеден автомобил во репрезентативната класа од Euro NCAP го посочуваат Volkswagen Arteon, кај големите офроудери наградата оди кај новото Volvo XC60, а кај малите кај Volkswagen T-ROC. При супермини изведбите, со најдобар резултат за изминатата година е Volkswagen Polo, Opel Crossland X е победник во групата на универзални модели, а XV и Impreza на Subaru се репер кај малите семејни автомобили.

За 2016 година, за најбезбедни беа прогласени Toyota Prius во групата големи семејни автомобили, Hyundai Ioniq при мали, Volkswagen Tiguan кај офроуд изведбите и Mercedes-Benz E-Class кај репрезентативните.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close