ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

За Volvo 2017 година- рекордна!

Volvo Cars објави дека со раст од 7% во 2017, компанијата евидентира рекордна година во продажбата, со вкупна реализација од 571.577 возила

Volvo Cars објави дека со раст од 7% во 2017, компанијата евидентира рекордна година во продажбата, со вкупна реализација од 571.577 возила, а главни „виновници“ за успехот на брендот за периодот се новото XC60 и моделите од семејството Серија 90. На територијата на Европа, Volvo регистрира подобрување во бизнисот од 3,3%, до ниво од 320.988 возила, а само во Шведска пазарното претставување на брендот е подобрено за 5,9% или пласирани 74.397 единици.

Volvo
1 | Volvo
2 | Volvo
3 | Volvo

    Со импресивен раст (25,8%) Volvo може да се пофали и во Кина, каде во текот на изминатата година биле купени 114.410 автомобили, а за жал во САД се забележува намалување од 1,5%, односно 81.504 единици. Во текот на изминатата година, Volvo продолжи со изградба на нов производствен комплекс во Јужна Каролина, кој е првиот објект на брендот во САД. Покрај новата генерација на седанот S60, во фабриката, од 2021 година, ќе се произведува и следната генерација на XC90

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close