Еуроимпекс со Peugeot Black Friday понуда за купувачите

Генералниот увозник за Peugeot во регионот, компанијата Еуроимпекс, стартува специјална Peugeot Black Friday понуда за сите заинтересирани купувачи

Од Еуроимпекс, компанија која е генерален увозник за брендот Peugeot во регионот, најавија нова акциска понуда креирана за задоволување на потребите на своите клиенти и потрошувачи. Станува збор за Black Friday понуда за сите модели на возила на Peugeot брендот во нашата земја, со конкретни цени, мотори, нивоа на опременост и бои.

Имено, Peugeot во Македонија, односно компанијата Еуроимпекс, креира специјални Black Friday цени за сите заинтересирани купувачи, постојни и потенцијални клиенти, со кои се нуди можност за заштеда и до 4.000 евра при купување на ново возило.

Peugeot Black Friday

Поради тоа, Еуроимпекс и Peugeot ги повикуваат сите заинтересирани купувачи и фанови на брендот да ги посетат еден од двата продажно-изложбени салони, или овластената дилерска мрежа во Скопје, Штип, Гевгелија и Битола каде ќе можат да изберат некој од Peugeot 308, 301, 2008, 3008 и 508 моделите по одлични цени.

Потенцијалните купувачи во оваа прилика ќе можат целосно да се запознаат со моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со кои располагаат моделите кои се дел од Black Friday понудата.

Треба да се напомене дека количините се ограничени, а специјалната Peugeot Black Friday акција трае до 7 декември. Целата понуда можете да ја погледнете и на официјалниот сајт на Peugeot во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button