EVA – Еднакви возила за сите

Добро познато е дека Volvo е лидер во светски рамки кога се заботи за безбедноста на патниците во возилото. Овој пат Volvo EVA проектот дава акцент на најранливата категорија на корисници

Иницијативата еднакви возила за сите (EVA- Equal Vehicles for All) на Volvo е во голема мера фокусирана на безбедноста на жените и децата во возилата, бидејќи повеќето производители на автомобили сè уште произведуваат автомобили базирани исклучиво на податоците од краш тестови на машки манекени (кукли).

Volvo E V A Project

EVA- Equal Vehicles for All

Со иницијативата EVA, Volvo одлучи да ги сподели резултатите од своите истражувања за безбедноста, што Volvo го прави повеќе од 40 години, вклучувајќи ги и оние на жените, со други производители на возила. Тимот за истражување на несреќи на Volvo, уште од 1970-тите собира податоци од реалниот свет, за подобро да разбере што се случува за време на судирот. Бидејќи бројот на жени и мажи подеднакво се појавува во овие податоци, производителот верува дека тие треба да бидат подеднакво застапени во тестирањето.

Volvo E V A Project
Низ годините, тимот открил и постапувал врз фактот дека жените се изложени на поголем ризик од повреда на вратот од мажите, што се припишува на различната анатомија и цврстина на телото. Жените исто така, имаат поголема веројатност да страдаат од повреди на градите во сообраќајна несреќа во однос на мажите, поради разлики во анатомијата и цврстината на градниот кош. Покрај тоа, жените имаат специфични потреби за заштита при странични судири. Колку личноста е пониска, толку истата седи пониско во автомобилот и е поблиску до воланот, што ја прави од витално значење за безбедноста воздушната завеса која покрива целосниот прозорец.

Volvo E V A Project
Всушност, инженер во Volvo го измислил безбедносниот појас во три точки, во 1959 година. Појасот ги штити сите, без оглед на големината, полот или обликот на тело. Сепак, една група на корисници е подложна на повеќе уникатни ризици од другите, а тоа е бремената жена.
Volvo вели: “За да дознаеме повеќе за мајката и за нејзиното неродено бебе, ја развивме првата во светот, со средна големина, кукла за бремена жена за потребите на краш тестирањата. Тоа е компјутерски модел кој овозможува да се проучи како се движи патникот и како безбедносниот ремен и воздушно перниче влијаат врз жената и фетусот, меѓу другото.”

Volvo E V A Project

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close