ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Еволуција во дизајнот на Seat Leon

Четвртата генерација на Seat Leon ќе биде претставена следнaта година, а веќе папараците ја фатија маскираната верзија на тестовите

Од шпанската марка на VW подолго време тврдат дека новиот Seat Leon ќе е со сосема различен дизајн од актуелната генерација, но од она што се гледа за време на тестовите, туку станува збор за еволуција на дизајнот на хечбекот.

Сепак, промени ќе има. Предницата на новиот Leon е инспирирана од новиот SUV Tarraco, што значи дека решетката ќе биде пониско сместена. Целосно во стилот на најновата мода фаровите се потенки и се наоѓаат под различен агол на решетката. Речиси сигурно е дека изгледот на предните браници и лаковите ќе остане ист и кај новиот модел, а позади дизајнерите се обложуваат на остри рабови и додавање на поголем спојлер.

Овој модел ќе биде и клучен во поставувањето на брендот кон електрификацијата, бидејќи Seat Leon ќе добие plug-in хибридна верзија во 2020 година.

Seat Leon

Клучни зборови

Поврзани вести

Close