Еволуцијата на Peugeot управувачот низ годините

Peugeot управувачот низ својата историја доживеал еволуција од едноставна „рачка“ до мултифункционален управувач со кој се идентификува францускиот бренд

На прв поглед се добива впечаток дека управувачот е механичкиот дел што најмалку еволуирал во неговата форма и функција од самото појавување на автомобилите. Сепак, еволуцијата никогаш не престанала, а притоа не е променета кружата и практична форма која ја имал од почетокот. Peugeot отсекогаш важел за инспирација, но и за компанија која верува во иновацијата и еволутивноста. Доказ за тоа е и историјата и развојот на управувачот кој денеска претставува круцијален дел од иновативниот Peugeot i-Cockpit.

Првичната форма и функција на управувачот е мошне едноставна и притоа насочена единствено на контролата на возилото. Со текот на времето и диктирањето на новите трендови истиот станува покомплексен. Со додавањето на секундарните функции како што се сирена, радио контроли, регулирање на брзината или контроли на ограничување и слично се надоградувала и функцијата на управувачот кај автомобилите. Исто така и материјалите не остануваат имуни на еволуцијата и промените. Така, рамката од управувачот, првично изработена од дрво, станува челик, потоа алуминиум, за конечно на ред да дојде магнезиумот.

Првиот управувач се појавил во јули 1894 година на трката Париз-Руан. Aвтомобилите Peugeot, биле опремени со рачка како управувач, со 2-степени на пренос и 4 цилиндри, поради што добиле изглед на моторизирани кабини.

Peugeot

Набрзо, пионерите во автомобилизмот сфатиле дека е попрактично и полесно за возачот да управува автомобил со помош на кружен управувач, наместо шипка или рачка. Така, кружниот управувач кој денеска го познаваме постепено ја заменил рачката, која во тоа време служела како единствен систем за управување на автомобилите. Вака Peugeot Type 36 се разликувал од претходните модели, направени врз база на моторизирани кабини во 1901 година. Тој бил опремен со две големи иновации: капак на моторот на предната страна и управувачот наместо рачка.

Tокму управувачот претставува иновативен отскок за Peugeot

Кружниот облик го олеснува држењето на управувачот при маневрирањето, но исто така го овозможува и олеснува потребниот напор за ефикасно вртење на тркалата од автомобилот. Управувачот може исто така да се соедини и со системот за управување со моќност при ниски вртежи, со цел полесно да се ротира управувачот при маневрирање. Додека управувачот останува механички производ, тој исто така станал и отскочна даска за иновации.

Овие иновации се изразуваат и преку промените во материјалите што се користат при производство на управувачи. Техниката за меко полнење, обложувањето со кожа и други материјали се силни показатели на развојот на Peugeot како бренд. Управувачот со меко полнење е резервиран за основните модели, додека full-grain кожата е наменета за повисоките верзии. За да биде разновиден, управувачот нуди и други ситни детали за поудобно возење, кои вклучуваат потпирачи за палецот и рамни површини за одмарање, обложени од кожа – што дава дополнителна чувствителност на допир.

Во спортскиот свет, управувачот е надграден со присуство на навлаки (GTi, GT-Line) или обоено шиење, со што се истакнува спортскиот карактер на управувачот. Инаку, неретко мотоспорот има силно влијание врз технолошките иновации или софистицираност кај автомобилите.

Peugeot денес уште повеќе се истакнува со својата иновативност, нудејќи револуционерен ентериер базиран на компактен управувач, со екран на допир и head-up дисплеј, познат како Peugeot i-Cockpit. Како централен елемент, компактниот управувач го олеснува управувањето и се зголемува уживањето при возење.

Peugeot

Peugeot i-Cockpit продолжува со развој

Во 2016 година, откако Peugeot го лансира својот SUV 3008, управувачот стана уште покомпактен. Редизајнираниот управувач со рамни врв и дно обезбедува подобро држење и поголема прегледност за возачот. До денес, додека Peugeot продолжува со иновативните решенија, преку 3D i-Cockpit, лансиран во 2019 година на новите модели Peugeot 208 и 2008, оваа револуционерна и единствена возачка позиција привлече скоро 6 милиони возачи. Затоа, Peugeot i-Cockpit и неговиот уникатен компактен управувач станаа препознатливи во DNK кодот на брендот.

Oвие промени секако се дел од една едноставна амбиција, а тоа е да се обезбедат технички решенија кои овозможуваат да се дизајнираат ентериери со стилска визија за иднината и да се обезбеди пасивна безбедност на највисоко ниво со напредни и компатибилни технологии.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close