fbpx

Европа: Продолжува падот во продажбата на дизелите!

Последните податоци од JATO Dynamics покажуваат дека минатиот месец побарувачката за нови дизел автомобили во Европа продолжи да опаѓа

Затоа продажбата на SUV продолжи да се зголемува со двоцифрен процент. Генерално, вкупните перформанси во февруари се подобрија за 4,2%, односно пласирани се 1,16 милиони единици, најдобар месец од 2008 година.

1 | Европа
2 | Европа
3 | Европа

    „Ова зголемување на обемот во февруари е многу охрабрувачки и најавува силни резултати во јануари, што укажува на тоа дека европската автомобилска индустрија може да продолжи да се развива во наредните месеци”, истакнуваат од JATO Dynamics. Продажбата на дизелите продолжува да се намалува и нејзиниот удел на пазарот сега изнесува само 39,5%, а во февруари обемот падна за сериозни 12,8%.

    Ова главно се должи на намалената побарувачка во Германија и Велика Британија, каде регистрираните дизел автомобили се намалија за 19,2%, односно 23,5%. Побарувачката за бензински автомобили продолжува да расте во однос на дизелската криза – регистрациите се зголемија за 16% во февруари. Од падот на побарувачката за дизел автомобили, исто така имаат корист оние со алтернативен погон, со пораст од 18,5%“

    Главниот мотор во бизнисот со нови автомобили во Европа и понатаму е SUV сегментот. Со раст од 24,7%, или 382.600 единици во февруари, нивниот удел на пазарот сега изнесува 33,2%.

    Поврзани вести

    Back to top button