fbpx

Европејците не им веруваат на беспилотните возила

Компанијата Penn Schoen Berland направила анкета меѓу 5.000 сопственици на автомобили во Велика Британија, Франција, Германија, Норвешка и Шпанија за потребите на Ford

Интересни се резултатите од повеќето испитаници за автономните возила, во кои не би ги возеле своите деца. Пред неколку денови, американскиот производител Ford ги објави плановите за проширување на својата програма за тестирање на беспилотни возила. Сега таа се одржува само во Америка, но компанијата сака да продолжи и во Европа.

возила

Пред тоа, сепак, раководството на концернот одлучило да го анализира ставот на Европејците кон автономните возила. Ford го нарачал истражувањето, а резултатите не биле задоволителни за производителoт. Интересно е што околу 50% од испитаниците силно го поддржале напредокот и пенетрацијата на новите технологии.

Тие се убедени дека автономните возила се побезбедни од оние што ги водат луѓе. Но, кога станува збор за безбедноста на децата, работите се менуваат целосно. Само 16% од испитаниците се реѓени да ги испратат своите деца на патување со автономен автомобил. Останатите 84% признаваат дека не се согласуваат со ова.

Поврзани вести

Back to top button