ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

До 30.000 евра казна по автомобил за нов дизел скандал!

Европската комисија има право да наметнува казни до 30 000 евра по автомобил и да реагира на сервисни акции при скандали слични на Дизелгејт на Volkswagen, кој изби во септември 2015 година

Имено, како што е познато, германскиот концерн во моделите опремени со 2.0-литарските TDI мотори вградувал софтвер кој дава лажни податоци за нивото на штетните емисии при тестирањата. Во реалноста нивоата на штетни материи биле до 40 пати поголеми од понудените податоци. Подоцна беше констатирано дека VW продал 11 милиони вакви автомобили ширум светот.

автомобил

Новите надлежности на ЕК беа изгласани од страна на Европскиот парламент, а со нив Комисијата добива овластување, слично со она на Агенцијата за заштита на животната средина во САД.

Темата за дизелите и загадувањето што тие го предизвикуваат е болна за Европа, бидејки половина автомобили на Стариот континент се такви. Освен тоа, многу земји-членки на ЕУ сè уште не успеваат да ги исполнат своите цели за заштита на животната средина и загадувањето од страна на возилата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close