fbpx

F1 со „зелени“ амбиции, одржливост со е-горива до 2025

Formula 1 ги претстави своите најнови планови заедно со новиот „зелен“ изглед кој ја најавува промената кон одржливи е-горива од 2025

Formula 1 се пренасочи кон V6 хибридните погони пред седум години. Сега, како што спортот влегува во нова ера каде што се бори за својата релевантост, F1 претстави нов опсег на графики во пресрет на трката во Бразил со кои се нагласуваат зелените амбиции на серијата.

Зелените графики пристигнуваат и со нов слоган – „Најефикасните мотори на светот“. Актуелната F1 погонска единица е најефикасната на светот, каде моторите достигнуваат 52 проценти термална активност, а ниту едно друго лесно возило не достигнува повеќе од 40 проценти.

И покрај зголемениот фокус од автомобилските производители кон електричната иднина, Formula 1 се уште мисли дека може да остане лидер за авто индустријата со своите хибридни мотори со внатрешно согорување. Новиот мотор, кој треба да биде претставен во 2025 година, ќе се напојува со „напредно одржливо гориво“. F1 верува дека ова ќе доведе до уште една дополнителна патека, заедно со електрификацијата, а од шампионатот велат дека нивните напори би можеле да имаат уште поекстензивен и корисен импакт врз околината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Актуелните болиди користат 5,75 процентна биогоривна мешавина, а таа формулација ќе се зголеми на 10 проценти следната година. Планот е да се насочат кон трета генерација на биогорово, исто така познато како е-гориво, до 2025. До 2030, F1 планира да достигне нулта карбонски емисии и сака да го елиминира карбонскиот отпечаток за сите трки.

Неизвесна иднина на моторите со внатрешно согорување

Има и други промени во моторните регулативи за новите погони во 2025, a плановите се фокусирани кон отстранување на MGU-H (Motor Generator Unit-Heat). Новите правила би можеле да привлечат и други производители, како Porsche, да влезат во спортот, за кои е познато дека веќе експериментираат со своите тркачки програми со е-гориво.

F1

Но, дали фановите ќе ја прифатат оваа промена, останува да се види. Кога турбо-хибридните единици првично беа претставени, гледачите беа разочарани од недостатокот на бучава – елемент кој потоа беше унапреден за поголем спектакл, но останува болна точка за многумина. И покрај зелената амбиција на Formula 1, кај некои постои перцепција дека мерките како што се заштедата на гориво, како и ограничувањето на капацитетот на моторот и цилиндрите, само го одземаат најдоброто од трките.

Од друга страна, голем број производители планираат краен датум на продажбата на возилата со мотор на внатрешно согорување, додека голем број влади одамна повикуваат на прекин на производството на вакви конвенционални возила. Иако напорите на Formula 1 за да го задржи моторот со внатрешно согорување може да се окарактеризираат како благородни, тоа може да остане незабележано од мнозинството автомобилски производители на кои треба да им се допадне сето тоа. Само времето ќе покаже каква ќе биде судбината на Formula 1 и моторите на внатрешно согорување.

Поврзани вести

Back to top button