fbpx

Викенд тарифа: Возачите на Alfa F1 работат на Giulia GTA и GTAm

Alfa Romeo Giulia GTA е веројатно најочекуваниот модел на брендот откако FCA го започна пресвртот во компанијата со 4C во 2013 година

Високо перформансниот модел на Alfa Romeo, Giulia GTA, долго време се чека на пазарот, но на чекањето е речиси готово со оглед на тоа дека Alfa Romeo во моментов ги средува „тјуниг“ деловите кои се развиени во соработка со Sauber Engineering. На последната тест сесија на Balocco Proving патеката се приклучија и Alfa Romeo Racing Formula 1 возачите Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, со тоа што двајцата се најдоа зад управувачот на Giulia GTA и Giulia GTAm.

За да се комплетираат финесите од „тјунирањето“ на Giulia GTA и GTAm, Раиконен и Џовинаци ги анализираа промените направени на автомобилот и даваа „фидбек“ до инженерите по возењето на автомобилите на патеката. Според Alfa Romeo, ова резултирало со заедничка проценка на ефектите од динамиките на возилото. Џовинаци обрна посебно внимание на карбонските компоненти и тркалата, додека Раиконен работеше со тимот за аеродинамика околу предниот сплитер и задниот спојлер.

Поврзани вести

Back to top button