fbpx

Faraday Future се поблизу до сериско производство

Кинеско-американската компанија Faraday Future објави дека е завршено составувањето на првото сериско купе на електричниот кросовер FF91 во фабриката на брендот во Ханфорд, во Калифорнија

Првите испораки на готовите автомобили за клиентите треба да започнат во декември, а според сајтот Jalopnik, FF91 ќе се нуди во две варијанти на погон, со два и три електромотори, односно со моќност од 726 и 1.089 коњски сили. Затоа, кај батериите исто така се очекува да има сериозно разновидност, моќноста ќе им биде 87, 108 и 130 kWh.

Во февруари, шефовите на Faraday Future демонстрираа пред најважните провајдери, како ќе изгледа следниот електрични кросовер на брендот, кој ќе е позициониран веднаш под FF91 и кој ќе биде со подостапна како цена. Според извори од компанијата, сериската верзија на новиот кросовер ќе има многу поагресивен и „погруб“ дизајн.

FF91

Поврзани вести

Back to top button