Дел од тимот од Faraday Future ќе прават електромобил

Несомнено, Faraday Future е еден од оние производители на електрични возила со големи амбиции и сериозни финансии, па поради ова се судира со проблеми

Во однос на финансиите Faraday Future навистина почна сериозно да заостанува и тоа доведе до заминувањето на клучните фигури. Сега, неколку менаџери од поранешната компанијата основаа нова, стартап фирма под името Evelozcity. Новата компанија планира производство на електрични возила, а меѓу основачите се поранешниот финансиски директор на Faraday Future, Штефан Краузе и поранешниот технички директор на брендот, Улрих Кранц. Пред тоа, и двајцата работеа во BMW, а наскоро во новата компанија ќе се очекува да дојдaт уште кадри од Faraday Future.

Faraday Future

Целта на новата фирма е „да го измени начинот на кој се придвижува светот”.

Како што може да се види, големите амбиции не се оставени во Faraday Future, туку луѓето ги носат со нив. Се претпоставува дека повеќе информации за првиот модел на новата компанија ќе бидат претставени за време на изложбата на CES во јануари, во Лас Вегас. Faraday Future беше создадена со кинески капитал кој доаѓа од бизнисменот Џиа Јетинг, но проблемите со другите негови компании доведоа до сериозни недостатоци за производителот на електрични возила.

Faraday Future

Сепак, компанијата го претстави во јануари електричниот кросовер FF 91 со моќност од 1.050 коњски сили и автономија од 700 километри со едно полнење. Во август компанијата на најми поранешната фабрика на Pirelli во Калифорнија, која за почетокот на следната година е најавено да биде реконструирана и модернизирана за производство на автомобили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close