fbpx

FCA инвестира 5 милијарди евра во Италија за 13 нови понуди за 3 години

За време на состанокот меѓу Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и работничкиот синдикат на компанијата за Италија, раководството на автомобилскиот гигант откри нови детали за идниот развој на компанијата, нејзините фабрики во земјата и идните производи

Од FCA најавија дека во Италија и конкретно во Мирафиори ќе биде воведена за прв пат целосно електрична платформа која ќе биде користена во новиот Fiat 500 и која ќе може да биде интегрирана во моделите низ целиот свет.

Од гигантот велат исто така дека се предвидени дополнителни инвестиции за марките Jeep и Alfa Romeo, каде ќе бидат интегрирани дополнителни синергии помеѓу поединечните брендови и ќе бидат воведени plug-in хибридни системи.

FCA

Според новиот индустриски план на FCA за Италија, во периодот 2019-2021 година компанијата ќе направи инвестиција од 5 милијарди евра и ќе станеме сведоци на појавата на 13 целосно нови или обновени пазарни предлози од страна на групата, како и нови погонски системи, каде се вбројуваат хибриди и потполно електрични.

Новиот Fiat 500 BEV (100% електричен) ќе се произведува во фабриката на FCA во Мирафиори, Jeep Compass во Мелфи, а комплексот во Помилглиано ќе добие нов компактен кросовер од Alfa Romeo, како и нова мека хибридна верзија на Fiat Panda.

Поврзани вести

Back to top button