FCA го продаде Magneti Marelli за 6,2 милијарди евра
Fiat Chrysler Automobiles (FCA) објави дека компанијата има постигнато договор со јапонската Calsonic Kansei Corporation за продажба на единицата за автомобилски компоненти Magneti Marelli
Од FCA коментираат дека очекуваат финализирањето на зделката да биде спроведено во првата половина на следната година, a како сума за промената на сопственоста на Magneti Marelli се наведени 6.2 милијарди евра.
Во исто време, од FCA ја објавија и идната соработка со јапонската компанија преку формирање на Magneti Marelli CK Holdings, која ќе се биде управувана од Беда Болзениус, кој во моментов е извршен директор на седиште во Јапонија за Calsonic Kansei (глобален производител, специјализиран во областа на издувните системи, внатрешните компоненти и електрониката).
„Откако внимателно ги проучивме можностите за целосно распоредување на потенцијалот на Magneti Marelli во следната фаза на неговиот развој, комбинацијата со Calsonic Kansei се покажа како идеална можност да го забрзаме идниот развој на Magneti Marelli“, коментира Мајк Менло, извршен директор на FCA.