fbpx

FCA и PSA преговараат за соединување

Италијанско-американскиот производител на автомобили FCA потврди дека е во преговори со францускиот PSA за формирање на еден од најголемите производители на автомобили во светот

Деталите околу начинот на соединување сеуште не се познати. Познато е дека веќе долго време FCA бара партнер и дека разговорите кои претходно оваа година компанијата ги имаше со Renault пропаднаа поради загриженоста на француската влада за улогата на јапонскиот партнер.

„По неодамнешните информации кои се појавија во медиумите за можното соединување на PSA Групацијата со Fiat Chrysler Automobiles, потврдуваме дека се водат дискусии за формирање на една водечка светска автомобилска групација“, се вели во соопштението на францускиот производител.

Поврзани вести

Back to top button