Felino го претстави својот суперавтомобил CB7R

Канадскиот производител на егзотични и луксузни суперавтомобили Felino го претстави својот најнов спортски модел CB7R

Станува збор за моделот на канадската компанија, наречен CB7R, а од Felino истакнуваат дека нивна целна група се „искусните клиенти ентузијасти за спортско возење“. Целта на канадската компанија е да се натпреварува со најголемите светски производители на врвни суперавтомобили.

Дизајнот на овој двосед делува препознатливо бидејќи неодоливо наликува на претходниот модел CB7 кој беше претставен во 2019 година. Новиот CB7R е всушност подобрена и унапредена верзија на претходниот модел, а суфиксот „R“ означува „road“ односно пат. Тоа значи дека станува збор за спортски автомобил кој е легален за секојдневна употреба и возење.

CB7R

CB7R се напојува благодарение на 6,2-литарски V8 мотор кој развива 525 коњски сили и 659 Nm максимален вртежен момент. Како опција се нуди и 7,0-литарски V8 мотор кој испорачува 700 КС и 786 Nm, а во тој случај CB7R од нула до 100 километри на час забрзува за само 2,9 секунди. Независно од изборот на моторот, автомобилот доаѓа со дискови со величина 390 mm напред и 378 mm назад како и клешти со шест (напред) и четири (позади) клипови. Распределбата на тежината е совршена и изнесува 50:50.

Шасијата е изработена од карбон и композитни материјали кои придонесуваат тежината да изнесува само 1.134 килограми. Во внатрешноста се наоѓаат прилагодени карбон спортски седишта.

Felino нуди и CB7+ верзија која доаѓа со исклучителна аеродинамика и која е полесна од стандардниот модел. Официјалната промоција на ова ремек дело на компанијата Felino се очекува на 14 февруари годинава на Саемот во Торонто. Кон крајот на годинава се очекува да започне и продажбата.

Цената на автомобилот ќе чини помеѓу 360.000 и 660.000 долари зависно од избраните опции.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close