ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Ferrari го загатна 812 Monza

Ferrari покажа прва фотка на новиот модел на Италијанците, кој ќе биде претставен во средината на следниот месец

Проектот засега ја носи ознаката F176 и се претпоставува дека ќе биде изграден врз основа на 812 Superfast, а ќе го добие името 812 Monza. Најверојатно 812 Monza ќе е во склад со дизајнот на концептниот Ferrari Rossa од далечната 2000 година. Инаку, дизајнот на новиот модел е дело на Pininfarina, а за инспирација е користена и легендарната 250 Testa Rossa.

Се уште нема информации за техничките податоци на 812 Monza, но лесно може да се претпостави дека тие ќе се поимпресивни од оние на 812 Superfast. „Супербрзиот“ се напојува со 6.5-литарски V12 мотор со моќност од 800 коњски сили. Моторот работи со 7-брзински роботски менувач со две спојки. Максималната брзина од 812 Superfast е 340 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 2,9 секунди.

Формулата на создавањето на 812 Monza е слична со онаа на моделот J50, претставен по повод 50 години од дебито на Ferrari на јапонскиот пазар.

Производствената серија на J50 изнесуваше само 10 автомобили, а моделот е базиран на 488 Spider. Интересно е дека кај J50 исто така може да бидат откриени детали од класичните модели на Скудерија од 70-тите и 80-тите години.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close