fbpx

Ferrari ја оживува легендата 250 GTO

Италијанскиот производител Ferrari планира да објави ограничена серија на легендарниот 250 GTO, кој е најскап автомобил досега продаден од компанијата од Маранело

Само 39 единици беа произведени, а едната од нив беше продадена на аукција за 52 милиони долари.

250 GTOИдејата за заживување на 250 GTO е на генералниот директор на Fiat Chrysler, Серџо Маркионе, кој исто така го предводи Ferrari. Шефот го зеде примерот од Јаguar, кој направи 25 модели од D-Type. Тие беа откупени речиси веднаш откако беше откриено дека ќе бидат произведени.

„Она што го направи Јаguar е извонредно, но со 250 GTO, работите нема да бидат лесни. Но, имаме платформа, така што за неколку години ќе има нешто да се покаже, рече Маркионе, цитиран од Top Gear. Оригиналниот Ferrari 250 GTO има V12 мотор со капацитет од 3,0 литри и развива 300 КС, што овозможува брзина од 280 km/h. Неколку дополнителни модели 330 GTO – се произведени, кој имаат 4.0-литарски V12 мотор.

250 GTO

Поврзани вести

Back to top button