fbpx

И Jaguar I-Pace предпремиерно!

Jaguar потврди дека ќе ја претстави денес предпремиерно сериската верзија на својот прв електричен модел I-Pace, по што ќе следи светската премиера на моделот на салонот во Женева

Компанијата објасни дека сериската верзија ќе ги задржи скоро сите дизајнерски решенија од концептот со исто име. Воедно на ова предпремиерно претставување Jaguar ќе презентира информации за тестовите на I-Pace при минус 40 степени во Шведска, кои завршија пред само неколку дена, за да ја поддржи тезата дека електричните автомобили имаат сериозна шанса да се справат со еден од главните фактори што ја намалува автономијата – студот.

Во циклусот NEDC, автономијата на I-Pace е околу 500 километри, но во реалноста тоа ќе биде помалку.

1 | 
2 | 
3 | 

    Jaguar и Audi водат тесна битка за тоа кој ќе го понуди првиот премиум електричен SUV на пазарот, иако на него со години е присутен Tesla Model X. Од двата европски брендови тврдат дека нивните модели ќе им обезбедат на клиентите „потрадиционално SUV искуство” во споредба со моделот на Tesla.

    Според извори од Jaguar, I-Pace радикалниот модел во 81-годишната историја на марката, ќе се нуди во Велика Британија со цена од околу 60.000 фунти, а продажбата официјално почнува во јули.

    Поврзани вести

    Back to top button