fbpx

Ви го препорачуваме филмот за Ferrari 312B

Документарниот филм: Ferrari 312B: Почетокот на револуцијата е исклучително интересен предлог за месец октомври

Документарниот филм: Ferrari 312B: Почетокот на револуцијата е исклучително интересен предлог за месец октомври. Во 85 минути е собрано создавањето и развојот на еден од најпознатите болиди на Скудерија за Formula 1, кој ги најави успесите на италијанскиот тим во 70-тите години. Режисер е Андреа Марин, а во филмот освен архивски снимки од тоа време и трките во кои учествувал 312В, се собрани и изјавите на пилотите Џеки Икс, Ники Лауда, Џеки Стјуарт, Герхард Бергер и Дејмон Хил.

Ferrari 312B создаден од Мауро Форгиери

Освен тоа тука е присутна и приказната на Мауро Форгиери – генијот, создавателот на 312В и на последователните успешни болиди, „родени“ во Маранело, со кој го убедиле Енцо Ферари дека конечно Formula 1 ќе стане поважен шампионат од трките на издржливост во Ле Ман.
Филмот ќе биде прикажан во 50 држави и можеме да се надеваме дека ќе стигне и до нас.

Поврзани вести

Back to top button