fbpx

Ferrari F50 од Салонот во Франкфурт од 1995 оди на продажба

Класичните модели на Ferrari привлекуваат огромно внимание секој пат кога ќе се појават на аукција, а ист е случајот и со овој Ferrari F50

Иако не е ценет меѓу колекционерите како некои ретки модели на Ferrari од 60-тите години на минатиот век, добро сочуван Ferrari F50 на аукција може да достигне повеќемилионска цена. Особено ако станува збор за специфичен примерок како што е овој Ferrari F50 кој аукциската куќа RM Sotheby’s ќе го понуди на продажба кон крајот на мај.

Имено, овој модел е вториот од само 349 произведени возила. Овој автомобил, обоен во Rosso Corsa, се симна од производствената лента во 1995, по што e увезен во Германија и е поставен на Меѓународниот Салон за автомобили во Франкфурт во септември 1995 година. По ова, продаден му е на колекционерот на Ferrari возила Михаел Габел откако завршил настанот.

Во 2016 година овој автомобил доби Ferrari Classiche сертификат за оригиналност на главните компоненти на возилото, за во истата година да биде направен и генерален сервис кој вклучи и замена на резервоарот за гориво, што сопственикот го чинело речиси 30.000 евра. Овој Ferrari F50 во Германија останал до 2017 година кога е увезен во САД, каде минал низ процес на хомологизација и прилагодување кон прописите на оваа земја, процес кој чинел преку 100.000 долари.

И покрај тоа што живеел на два континенти, овој автомобил минал само 5.425 километри, а Rosso Corsa бојата останува оригинална. Автомобилот се продава со својот Ferrari Classiche Red Book, прирачникот за користење, сервисна книшка, документација за увоз, сет алати и фотографски албум кој го документира производството на автомобилот.

Ferrari F50

Се проценува дека автомобилот на аукцијата ќе достигне цена помеѓу 2,5 и 2,75 милиони долари, а идниот сопственик ќе ужива во звукот на 4,7-литарскиот V12 мотор со 519 КС кој влече потекло од Formula 1.

Поврзани вести

Back to top button