Ferrari го загуби заштитниот знак за легендарниот 250 GTO

Ferrari ја загуби правната битка во обидот да ја заштити формата на легендарниот 250 GTO, со што се отвора можност за производство на реплики

Во јуни 2019 година Ferrari се обрати до комерцијалниот трибунал во Болоња со жалба дека производителот на шасии Ares Design планира производство на реплики на 250 GTO. Трибуналот одлучи во корист на Ferrari, но Ares Design потоа го однесе целиот случај до Cancellation Division од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија, истакнувајќи дека Ferrari не го ставил својот заштитен знак во автентична употреба во период од пет години.

Ferrari 250 GTO

Според документите на EUIPO, адвокатите на Ares Design истакнале дека Ferrari и нивниот заштитен знак е „поднесен без намера да се исполнат правните обилации, пред се, како дефанзивна мерка со цел да спречи трета страна да произведува и продава слично направени спортски автомобили“. Ares велат дека Ferrari не го користи спорниот дизајн уште од 1964 година и кога испратиле барање за заштита на дизајнот во рамките на ЕУ во 2007 година, всушност немале никаква намера да го користат.

Европската унија веднаш пресуди во корист на Ares Design, истакнувајќи дека Ferrari не го докажал автентинчното користење за одреден број на производи, што вклучува и автомобили. Ferrari успеа да ја зачува заштитната марка единствено за производство на играчи.

Правната битка меѓу Ares Design и Ferrari се чини дека е поттикната од најавата на компанијата во септември 2018 година дека ќе произведува модерна инкарнација на Ferrari 250 GTO базиран или на Ferrari F12 или на 812 Superfast.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close