fbpx

Ferrari ќе лансира два нови модели оваа година

Италијанскиот производител Ferrari најави дека до крајот на оваа година ќе лансира два нови модели со кои сака да ја прошири својата база на купувачи

Ferrari имаше мошне активна 2019 година кога станува збор за лансирање на нови модели, со оглед на тоа дека италијанската компанија претстави пет автомобили. По Roma, SF90 Stradale, F8 Tributo, F8 Spider и 812 GTS кои беа лансирани минатата година, производителот од Маранело го очекуваат уште две премиери закажани за втората половина од годината. Најавите пристигнаа од шефот на маркетинг на Ferrari, Енрико Галиера.

Иако не сакаше да го открие идентитетот на новите возила, тој истакна дека со новите автомобили Ferrari ќе има можност да се прошири во претходно недопрените пазари како дел од компаниската цел да ја прошири својата база на клиенти. Тоа најверојатно значи дека новите автомобили ќе бидат целосно нов додаток во гамата на производителот, наместо унапредени верзии или замени за веќе постоечките модели.

„Потенцијално секој сегмент е интересен за нас, со акцент на тоа дека Ferrari е на пазарот на луксузни спортски автомобили. Ние можеме влеземе на секој пазар на кој ќе можеме да придонесеме со автомобил кој ја пресретнува нашата позиција како компанија за луксузни автомобили. Имаме извесни лимити поврзани со автомобилите – Ferrari е производител на спортски автомобили“, изјави Галиера.

SUV моделот на Ferrari ќе пристигне во 2022

Кога станува збор за двата автомобили најавени за 2020 година, SUV моделот на Ferrari дефинитивно не е еден од нив, со оглед на тоа дека Purosangue е наменет за 2022 година. Исто така може да се исклучи и новиот хиперавтомобил како наследник на LaFerrari, кој треба да се појави на пазарот по Purosangue. Долго шпекулираното оживување на Dino кој би служел како почетен модел во гамата веројатно со V6 мотор исто така не е на агендата во блиска иднина.

Ferrari

Еден од автомобилите најавени за оваа година би можел да биде SF90 Stradale Spider, ако се суди според шпиунските фотки кои беа објавени од FerrariChat форумите пред неколку дена. Сепак, вториот автомобил останува целосна енигма, без темел ниту за најобична шпекулации, но би можел да биде нов хибрид кој би бил поставен под SF90, со оглед на тоа дека неодамна се појавија шпиунски фотографии од тест моделот 488. Во секој случај, ќе мораме да почекаме и да видиме што Ferrari ќе понуди за 2020 година, а она што е јасно е дека понудата на италијанскиот производител се проширува со забрзано темпо.

Поврзани вести

Back to top button