fbpx

Ferrari не дозволи да се објават деталите од договорот со FIA

Ferrari го блокираше објавувањето на деталите од страна на FIA, а се однесува на контроверзниот договор околу спорните мотори на италијанскиот тим

Иако FIA не беше задоволна од одбраната на Ferrari за легалноста на нивните мотори во 2019 година, исто така не сметаше дека ќе дојде до конечна разрешница така што тој проблем ќе се прошири и надвор од границите на интерното порамнување. Овој договор натера девет други тимови од Formula 1 да се здружат во пишано соопштение во кое се побара поголема транспарентност од страна на FIA.

Претседателот на управното тело на авто-мото спортот, Жан Тод, изјави дека сакал да ги објави сите детали во врска со истрагата, но италијанскиот тим наводно го спречил во тоа. Со оглед на тоа дека Жан Тод е некогашен шеф и директор на Scuderia Ferrari во Formula 1, потоа генерален менаџер на тркачката дивизија, а на крајот и извршен директор на Ferrari, многумина не му веруваат на зборовите.

„Доколку мене ме прашувате, јас би сакал да сум во можност да ги пружам сите детали во врска со споменатата ситуација, но во Ferrari се спротиставија на тоа. Мислам, тие се санкционирани, но ние не можеме да пружиме детали поврзани за тие санкции“, изјави Тод.

„Јасно е дека не можевме ништо да кажеме. Сепак, сметавме дека би било погрешно да не се каже дека се дискутираше за случајот на Ferrari и дека дојде до извесни санкции. Искрено, многу е едноставно. Многу напор вложивме да дојдеме до заклучоците со кои тимовите не се сложуваат. За жал, тоа во голема мерка се однесува на техничките работи, бидејќи нашите техничари велат дека не можеме да покажеме онолку колку што би требало, дека моторите на Ferrari не беа легални“, додаде Тод.

После сето ова, Mercedes излезе од обединетата група на тимови кои го напишаа писмото во кое апелираат на поголема транспарентност.

Поврзани вести

Back to top button