Ferrari не ја смета Tesla за конкурент!
Раководството на концернот Fiat Chrysler Automobiles, на чело со Серџо Маркионе, реагираше доста гневно на новинарско прашање во врска со мислењето за динамичките квалитети на автомобилите на Tesla кои се можеби на рамиште на оние од Ferrari, истакнува Autoevolution
Шефот на FCA буквално беше бесен, откако беше запрашан дали не се плаши од фактот дека Tesla Model S P100D забрзува од 0 до 96 km/h побрзо од Ferrari LaFerrari. Markione на ова не одговори, но констатира дека првиот вистински електричен супер автомобил во светот ќе го направи токму Ferrari и ќе ги исполни сите стандарди на брендот.
Топ менаџерот одби да открие кога компанијата ќе направи таков модел, но од неговите зборови може да се долови дека Ferrari веќе работи на сличен проект.
Италијанскиот производител има солидно искуство во F1, каде што хибридните технологии се развија во последниве години, a некои од нив може да се користат токму во оваа насока.
Според Autoevolution, идниот електричен супер автомобил на Ferrari ќе забрзува од 0 до 96 km/h за помалку од 2 секунди. Засега, Tesla Roadster може да се пофали со сличен резултат, бидејќи резултатот е околу 1,9 секунди, но Маркионе вели дека оваа изведба на Tesla Model S P100D ни одблизу нема да биде слична со конструкцијата и изведбата на идниот модел на Ferrari.