Ferrari со нова уникатна спецификација за 488 PISTA

Во чест на легендарната трка 24 часа Ле Ман, Ferrari лансира посебна и екслузивна спецификација Piloti Ferrari на 488 PISTA, која ќе биде наменета само на учесниците во тркачките серии на брендот

Новата програма за доработка на 488 PISTA е дел од иницијативата за персонализација Tailor Made на Ferrari и доаѓа со ново контрастно решение на надворешноста со италијанското знаме, персоналните ознака на стартниот број за соодветниот клиент на брендот, карбонски заден спојлер и рамки на воздушните отвори, како и можност за избор помеѓу четири основни бои- Rosso Corsa, Blu Tour De France, Nero Daytona и Argento Nürburgring.

1 | 488 PISTA
2 | 488 PISTA

    Во однос на внатрешноста, од Ferrari се нудат посебни тапацир за седиштата, специјални патосници, карбонски апликации, специјална едентификациска табличка и други. Ferrari 488 PISTA, која е со 90 килограми полесна од 488 GTB, имаше светска премиера за време на овогодинешниот меѓународен салон во Женева.

    Освен со лесна конструкција, возилото се одликува со оптимизирана аеродинамика и мотор со зголемена за 50 коњски сили максимална моќност. 488 PISTA е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 2,85 секунди и од 0 до 200 km/h за 7,6 секунди, а максималната брзина на движење на возилото е над 340 km/h.

    1 | 488 PISTA
    2 | 488 PISTA

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close