fbpx

Ferrari Omologata е уникат базиран на 812 Superfast

Ferrari го претстави својот 10-ти уникатен модел кој е базиран врз V12 платформата уште од P540 Superfast Aperta, наречен Omologata

Уникатната креација на Ferrari е базирана на 812 Superfast. Но, заштитното предно стакло и предните светла се единствениот дел од каросеријата кој не е променет. Финиширан во Rosso Magma и специјална тркачка „униформа“, Ferrari Omologata доби и нов body kit.

Истиот е сочинет од рамна овална решетка, заоблен дел над сводовите на предните тркала, три хоризонтални трансверзални исекотини наместо задно стакло и длабоко поставени единечни задни светла. Други карактеристични елементи на екстериерот се и истакнатиот заден спојлер и големиот дифузер.

Ferrari Omologata

Внатре, Ferrari Omologata изгледа подеднакво уникатно и е потсетник на богатото тркачко наследство на брендот низ голем број детали. Тука се сините седишта, финиширани во комбинација на кожа и Jeans Aunde материјал, кои се истакнуваат како контраст на црниот ентериер.

Недостатокот на задно светло и екран креираат атмосфера во кабината, како и металните делови на инструменталната табла и управувачот. Тие се финиширани со напукната боја која асоцира на големите GT тркачи од 50-тите и 60-тите години. Друг потсетник на минатото е ефектот на кован метал во чест на 250 LM и 250 GTO, кој се наоѓа на рачките од вратите.

Omologata е направен по нарачка на неименуван европски купувач. Желбата била да се креира „футуристички дизајн со карактеристични елементи реинтепретирани во свеж манир за да се создаде потенцијал за безвременска форма која ќе остави долготрајна импресија“.

За да се комплетира целиот проект потребни биле нешто повеќе од две години. Автомобилот содржи голем број инспирации, од тркачкото наследство до научно-фантастичните референци и модерната архитектура. Ferrari отиде до тоа што разви нова нијанса на црвена боја само за „униформата“ да се совпаќа со силниот финиш кој се карактеризира со трослојна Rosso Magma боја преку затемнетиот карбон.

Ferrari Omologata

Од Ferrari не откриваат дали погонот на Omologata има промени во однос на 812 Superfast. Такво нешто не е ни потребно. Имено, стандардниот автомобил е најбрзиот и најмоќниот Ferrari со мотор поставен на предната страна кој некогаш е направен. Автомобилот се напојува со 6,5-литарски атмосферски V12 мотор кој испорачува 800 КС и 718 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се испраќа на задните тркала преку седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Тоа овозможува спринтот до „стотка“ да се достигне за 2,9 секунди, а максималната брзина е 340 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button