fbpx

Ferrari привремено го запре производството и затвори две фабрики

Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ferrari привремено го запре производството во Италија поради ширењето на коронавирусот

Ferrari објави викендов дека ја запре работата во две фабрики, лоцирани во Модена, како и во седиштето на компанијата, односно во Маранело. Затворените фабрики остануваат под клуч се до 27 март, што е практичен одговор на компанијата за растечката криза со коронавирусот во Италија. Притоа, веќе доаѓа до компликации и со функционирањето на ланецот на снабдување.

На овој начин, Ferrari се приклучува кон низата италијански производители кои веќе донесоа одлука за запирање на производството, допринесувајќи со тоа кон веќе значителните последици од „заразата“ на автомобилската индустрија во Европа. За тоа сведочат и наводите од компанијата дека Ferrari се соочува и со првите сериозни недостатоци на делови, што го загрозува континуитетот на циклусот на производство.

 

Вестите од Италија не зачудуваат. Во петокот производителот на престижни кочнички системи, компанијата Brembo, на чија листа на клиенти се наоѓа и Ferrari, објави дека ќе ги затвори своите четири погони кои функционираат на територијата на Италија.

Сепак, тоа што производството нема да се одвива во фабриките на Ferrari, тоа никако не значи дека работниот живот таму згаснува, односно дека изумираат сите активности. Имено, сето она што се однесува на самото производство, ќе продолжи да се спроведува во самата компанија, односно работата ќе се извршува на мудар и безбеден начин, практично „од дома“ во секоја можна ситуација.

Ferrari

Ferrari нема да им прави проблеми на своите вработени

Во Италија генерално на сила се заострени санитарни мерки кои се воведени почнувајќи од викендов и тоа со цел да се подобрат здравствените услови на работните места. Ниту еден работник на Ferrari, досега не е заразен со коронавирус. Работниците во компанијата продолжуваат да добиваат полна плата и од нив нема да се бара да жртвуваат денови од одморот со цел да го покријат ова отсуство од производните ленти, открија за новинарите извори од италијанската компанија.

Извршниот директор на Ferrari, Луис Камилиери изјави дека компанијата донела одлука да го запре производството од почит кон работниците, како и „поради нивни, но и душевен мир на членовите на нивните семејства“.

Претходно минатата недела одлука за запирање на производството донесоа и Fiat Chrysler како и производителот на тешки и лесно индустриски и комерцијални возила CNH Industrial. Онаму каде што не се во целост затворени фабриките, донесена е одлука за намалување на нивото на производствени акции, со цел да се усклади работењето со препораките на италијанската влада.

Поврзани вести

Back to top button