fbpx

На продажба е првиот болид од Ferrari на Михаел Шумахер

Легендарниот седумкратен шампион во Formula 1, Михаел Шумахер, својата кариера ја започна во далечната 1991 година, на Големата награда на Белгија и тоа во Jordan 191

Неговиот талент веднаш беше заблежан и експресно беше доведен во редовите на Benetton. Со овој тим ги освои првите две шампионски титули во 1994 и 1995. По одличните резултати со тимот кој денеска го носи името Renault, Михаел Шумахер се пресели во веројатно најголемиот F1 тим, Scuderia Ferrari.

Во ноември 1995 година Benetton останува без својата млада тркачка ѕвезда. Шумахер се упати кон Италија, каде пристигна на патеката Fioriano и доби можност да го тестира болидот 412 T2. Тоа е првиот црвен болид зад чиј управувач се нашол легендарниот Германец, пред сезоната 1996 во која тој официјално дебитираше за Ferrari.

Шумахер всушност доби задача да го вози моделот 412 Т2 со број на шасија 157 само за време на тестирањата, додека на самите трки, овој болид беше возен од страна на францускиот тркач Жан Алези.

Ferrari 412 T2 со шасија број 157, Шумахер најпрво го возеше во Фиорано, а неколку дена подоцна и во Ешторил. Инаку, овој модел со Жан Алези зад управувачот успева дојде до подиумот и тоа е последниот V12 тркач на италијанскиот производител. Веќе следната година дебитираше 3,0-литарскиот V10 кој во 2006 година беше заменет со 2,4-литарскиот V8 мотор. Хибридната 1,6-литарска V6 варијанта на сцената стапи во 2014 година.

Продажниот салон од Лондон, Girardo & Co., на листата на продажба го стави возилото, но без истакната цена. Инаку, Жан Алези го возеше Ferrari 412 Т2 со бројот 157 на Големите награди на Бразил, Аргентина, Сан Марино и Канада, каде ќе заврши на првото место. Со други зборови, 412 Т2 е последниот болид со V12 мотор кој успеал да победи на една трка во Formula 1.

Ferrari 412 Т2 е подготвен за тркачките патеки

Пет дена по тестирањата во Fiorano, во ноември 1995 година, Михаел и шасијата со број 157 се најдоа во португалски Ешторил. Германецот извозе преку 28 круга во Ferrari, остварувајќи го најдоброто време од 1 минута, 21,20 секунди, што беше подобро од квалификацискиот круг на Герхард Бергер на Големата награда на Португалија за дури седум десетинки.

Покрај самото возило, продажбата вклучува и документирана копија од тестните извештаи за шасијата 157, како и Ferrari Classiche сертификат. По „аферата“ со Шумахер, до шасијата број 157 дојде германскиот колекционер Петер Фандел, кој потоа го продаде болидот на тркачкиот возач Клас Зварт. Сегашниот сопственик, по податоците на продавачот, го купил автомобилот во 2013 година.

На крајот, V12 едноседот, кој заврши на второто место на Големата награда на Сан Марино, беше испратен назда во Маранело во 2018 година. По сервисирањето, доведен е во состојба да е подготвен да излезе на тркачката патека.

Поврзани вести

Back to top button