ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Ferrari со SF90 Stradale ќе ја прослави 90 годишнината на брендот

Ferrari објави официјални фотографии, видео и детали за првиот во историјата PHEV (Plug-in Hybrid Electric Vehicle) модел на компанијата- SF90 Stradale

Ferrari SF90 Stradale е со димензии – должина 4710 mm, ширина 1972 mm и височина од само 1186 mm, а меѓуоскиното растојание на возилото е 2650 mm. Оптимизиран за високи брзини, автомобилот е опремен со хибриден погонски систем во кој е вклучен 4.0 литарски V мотор, со максимална моќност од 780 коњски сили и 800 Nm, комбиниран со три електрични мотори со вкупна моќност од 220 коњски сили.

Батеријата на Ferrari SF90 Stradale е литиум-јонска со капацитет од 7,9 kWh, што е доволно за возење до 25 километри на чист електричен режим. Според официјалната информација на италијанската компанија, SF90 Stradale ќе биде во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди и од 0 до 200 km/h за 6,7 секунди, а максималната брзина на движење е 340 km/h.

За прв пат во историјата на Ferrari, компанијата предложи избор меѓу две основни верзии- SF90 Stradale и SF90 Stradale Assetto Fiorano. Втората доаѓа со предност во однос на на тежината до 30 килограми, суспензијата, употребата на спортски гуми и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close